Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, го поздрави формирањето на новата влада и на Твитер упати честитки до премиерот Зоран Заев и до мнозинството.

„Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство по повод формирањето на новата влада. Како пријател и партнер, очекувам соработка со Владата кон континуиран напредок во однос на реформските цели на ЕУ и одлучна заложба за владеење на правото“,
напиша амбасадорката Брнз на Твитер.