Во авионот што се урна во Јужен Судан, имало повеќе луѓе отколку што првично беше објавено. Според последните информации во несреќата животот го загубиле 17 лица.
Пристапот на спасувачките екипи беше отежнат поради неодамнешните обилни дождови.
На местото на несреќата пристигна и јужносуданскиот министер за сообраќај, Мадут Баир Јел.
Според очевидци едно лице е пренесено во болница. Сè уште нема информации што доведе до пад на авионот Ан-26 кратко по полетувањето од аеродромот во Џуба.