Германската невладина организација организира авионски лет, со лекари специјалисти за третирање на пациенти во кома, да го преземе Алексеј Навални од болницата во Омск, Сибир.
Навални, утринава падна во кома, а неговите соработници се сомневаат дека му е подметнат отров. Нему му се слошило за време на авионскиот лет од Томск за Москва, при што авионот принудно слетал во Омск, Сибир.
„Од хумани причини, на барање на Пјотр Верзилов од Пуси Рајотс, ќе испратиме авио-амбуланта со медицинска опрема и специјалисти да го земат Навални во Германија“,
вели за Дојче Веле, Јака Бизиљ, претседател на фондацијата „Синема фор пис“.

Во меѓувреме, претседателот на Франција, Емануел Макрон на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека Париз е подготвен да пружи неопходна помош за Навални, вклучително и азил.
Макрон истакна дека Франција и Германија се подготвени да пружат медицинска помош.
Навални е на одделение за интензивна нега во сибирската болница во Омск, во бесознание и на респиратор, откако, според неговата портпаролка, утринава бил отруен. Тој падна во бессознание на летот од Томск за Москва, пред кој се имал напиено само чај.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека будно ја следат ситуацијата со критичарот на Кремљ.