Носиме одлука за избор на одговорни, отчетни, професионални и посветени кадри кои ќе ја имаат задачата да ги предводат институциите и да испорачаат резултати кон граѓаните, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот фејсбук профил додека во скопскиот хотел се уште трае седницата на Централниот одбор на партијата.
„Пред Централниот одбор ги презентирам принципите и вредностите на идната владина коалиција. Во новиот, полн мандат ќе покажеме дека може да работиме и повеќе и подобро во остварување на програмата која води напред, на вистинскиот, на европскиот пат, патот на економијата и правдата“,
наведува Заев.
