Во тек е седницата на Централниот совет на ДУИ во Тетово, на чиј дневен ред е коалицискиот договор за нова влада меѓу Али Ахмети и Зоран Заев, како и кадровските решенија.
Истовремено, во седиштето на СДСМ во Скопје тече седницата на Извршниот одбор на партијата, а за во 20 часот закажана е и седница на Централниот одбор на СДСМ.
По седниците ќе следуваат изјави за медиумите.
Претходно денеска, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска навести дека социјалдемократите ќе го потврдат договорот за коалиција, кој вчера го постигнаа Зоран Заев и Али Ахмети.
„Договорот на коалицијата ‘Можеме’, предводена од СДСМ, како и ДУИ, ќе биде изгласан од Централниот одбор и секако ќе се донесат одлуки и за кадровските решенија. Деталите ќе ги добиете после одржувањето на Централниот одбор“,
кажа портпаролката Кузеска, одговарајќи на новинарско прашање денеска.