Претседателот Пендаровски соопшти дека ќе доделува мандат за влада спротивно на Уставот, по принципот „прв дојден, прв услужен“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на претседателот на државата на која образложи зошто денеска мандатот за состав на влкада му го доделил на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Претседателот Пендаровски треба да биде свесен за сериозноста на својата функција. Наместо да се однесува како претседател на граѓаниите Стево Пендаровски призна дека мандатот е доделен без доказ за мнозинство и е узурпиран. Со што Пендаровски директно овозможи купување на време за непринципиелното купување на гласови на пратеници“,
се вели во партиското соопштение.
По средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска – Давкова, Пендаровски изјави дека доколку лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не успее да направи влада, ќе го врати мандатот.
„Ако за 20 дена Заев не направи влада, ве уверувам дека Мицкоски на истекот од тој рок ќе дојде од сабајле овде во оваа институција да го бара мандатот, иако односите му се замрзнати“,
рече Пендаровски.