Таа е 55 годишна сенаторка од Калифорнија и е првата црна жена канидатка за оваа функција во историјата на САД
Претседателскиот кандидат на Демократите во САД Џо Бајден ја избра сенаторката Камала Харис за иден потпретседател доколку победи на изборите во ноември.

Харис е сенаторка од Калифорнија од индиско-јамајканско потекло и е првата црна жена кандидатка за оваа функција во историјата на САД.
Инаку Харис одамна се сметаше за главен кандидат за оваа позиција, а ообено беше гласна во барањето реформи во полицијата среде протестите против расизмот кон крајот на пролетта и почетокот на летото, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд како последица на полициска бруталност.
Педесет и пет годишната Харис се смета за политичар во подем во Демократската партија и не успеа да го победи Бајден во битката за претседателска номинација во рамки на партијата.

За време на предизборните дебати таа постојано доаѓаше во судир со Бајден, особено критикувајќи ги неговите пофалби за соработката со поранешните сенатори кои се залагале за расна сегрегација.
Противкандидат на Бајден на 3 ноември ќе му биде актуелниот американски претседателот Доналд Трамп како кандидат на Републиканците. Потпретседателски кандидат ќе биде Мајк Пенс.