Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска и ниту еден од патниците кои се македонски државјани ги немало во регистарот како позитивни случаи на ковид-19.
„Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“,
велат од Министерството за здравство.
Претходно, како што информираа од Министерството, само двајца патници биле со македонски пасоши, а најмногу имало со косовски (95) и со фински (60), а останатите биле со бугарски, естонски, албански и шведски пасоши.
Во авионот од Скопје за Турку имало 157 патници од кои 24 тесттирани се покажале како позитивни на ковид-19.