Иако доминантниот впечаток во јавноста беше дека преговорите за името се во ќор-сокак, од Брисел стигна информацијата дека министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас договориле рамка за можно решение.
Димитров ја соопшти веста на работниот појадок со министрите и други претставници на земјите членки на Европската Унија во Брисел.
Тема на појадокот беше и резервираноста на одредени земји членки за одредување датум за преговори со Македонија во јуни. Високи претставници на ЕУ зборуваат за стратешка грешка ако тоа не се случи, а до тогаш се договори решение за името. Франција и Холандија настапиле поумерено.
Јавување од Брисел на Александар Димитриевски – како помина работниот појадок за Македонија со министрите од земјите-членки на ЕУ, што рекоа скептичните Франција и Холандија; кратки интервјуа со австриската министерка и со македонскиот министер за надворешни работи, Карин Кнајсл и Никола Димитров.
Напишете коментар