Против шест полициски службеници, вработени во СВР Скопје, поднесена е кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење служба“ по член 143 од Кривичниот законик.
Кривичната пријава е поднесена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција – Одделение за гонење на сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања.
„По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично-правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици за врзување и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања“,
соопшти МВР.
Против пријавените полициски службеници, според МВР, е поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност.