Како што најави 360 степени, Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието.
Тој денеска ја напушта Клиниката за инфективни болести каде беше хоспитализиран поради пневмонија и сомнеж за ковид-19.
„Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре“,
изјави Џафери за МИА.
Собраниската седница според предвидените протоколи и мерки за заштита од коронавирусот ќе се одржи во големата сала со купола. Таму може да биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни.
Ќе се гласа со рака, со картончиња во три бои, зелена, жолта и црвена бидејќи во оваа сала неа нема инсталирано систем за гласање.
На секој што ќе влезе во собраниската зграда ќе му биде измерена температура а пратениците и другите поканети гости ќе бидат прифаќани од протоколот и спроведувани точно до местото каде што ќе треба да седат.
Кризата со коронавирусот предизвика промени и во работата на новинарите и медиумите. Бројот на медиумските работници во Собранието ќе биде ограничен, а нивните активности ќе се следат во живо преку Собраниските канал и со стримови во живо.
Конститутивната седница ќе се следи преку Собранискиот канал, а прес-конференции ќе бидат организирани во Кристалната сала каде што би имало доволено простор за одржување дистанца.