Предвреме родено бебе со 690 грама, после три месеци замина дома од престојот на одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Од министерството за здравство доцна попладнево објавија групна фототографија на дел од персоналот на Клиниката за гинекологија со малата Инара и информираа дека таа е родено на 27 април годинава, во 28 гестациска недела со само 690 грама, а денеска е испишана со 2 120 грама телесна тежина.
„Таа е во добра здравствена состојба. Горди сме на тимот лекари и медицински сестри кои секојдневно ја следеа нејзината состојба и заеднички ги надминаа сите предизвици“
соопшти Министерството за здравство.