Она што оваа влада го спроведе како институционален поткуп ќе им биде одземено на граѓаните преку повисоките сметки за струја, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук
Не ветија, ама остварија повисока цена на струјата, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако денеска Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата за 7,42 отсто, додека граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега.
„Евтина тарифа за струјата со која толку многу се фалеа ќе биде неколкукратно повеќе наплатена од џебот на граѓаните. Ова е сериозен удар врз граѓаните. Бандитизмот на оваа власт е во секоја пора“,
напиша Мицкоски на Фејсбук.