Следниот вторник, всушност, е последниот рок од 20. дена по завршување на изборите (на 15 јули), до кога претседателот на парламентот во заминување можеше да ја свика конститутивната седница на новото Собрание. Другата опција беше пратениците сами да се соберат на 21. ден
Десеттиот парламентарен состав, на 4 август, ќе се собере на првата седница.
Претседателот на досегашниот собраниски состав Талат Џафери го потпиша решението за свикување на конститутивната седница на новиот парламент, која ќе се одржи во услови на засилени заштитни мерки поради епидемијата на коронавирусот. Наместо во пленарната сала, пратениците ќе заседаваат во новата сала со куполи, за да се обезбеди поголемо растојание меѓу нив.
Џафери моментно е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, поради пневмонија, иако неколку последователни резултати од тестирањата покажале дека е негативен на коронавирусот.
Во соопштението што го испратија од Собранието дека е закажана конститутивната седница нема информација како Џафери ставил потпис на решението за свикување на заседанието.
На 4 август е последниот рок од 20. дена по завршување на изборите (на 15 јули) до кога претседателот на парламентот во заминување може да ја свика конститутивната седница на новото Собрание. Другата опција беше пратениците сами да се соберат на 21. ден (5 август) и да го конституираат парламентот.