Се враќа фреквенцијата на патници на граничниот премин со соседна Бугарија, „Деве Баир“, кај Крива Паланка. Од полноќ, преку „Деве Баир“ во земјава влегле 140 патници, а излегле 160, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар „Исток“ кај „Деве Баир“.
По вчерашната одлука на Владата во Софија, македонски државјани може да патуваат во Бугарија. Мерките за влез се делумно олеснети, со тоа што услов е патниците да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа.
Од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар „Исток“кај Деве Баир, како што пренесува МИА, посочиле дека е малку поголема фреквенцијата на патници. Бројката на сите кои досега минале гранична контрола е вкупно триста, и странци и македонски државјани.
Товарниот сообраќај за време на целата пандемија со ковид-19 се одвива редовно.