доцна синоќа едно лице со повреда од огнено оружје е пренесено во Ургентниот центар, „Мајка Тереза“. Инцидентот се случил во еден од дуќаните на Пластичарската улица во Скопје по 21:30 часот.
Повредениот е сопственик на дуќан во кој влегле неколку непознати машки лица и ги нападнале двајцата синови на повредениот. Кога таткото дошол да види што се случува, еден од напаѓачите испукал куршум и го погодил во натколеницата.
Тогаш напаѓачите го напуштиле местото, а повреденото лице е пренесено во болница.
Се работи на расчистување на случајот.