Министерот за здравство реагира на последните случувања во Струмица каде стотици млади, во ноќен клуб кој не би требало да работи, се забавуваат без какво било почитување на здравствените протоколи.
Филипче бара МВР и надлежните инспекторати да ги санционираат ваквите настани.

„Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано“,
вели министерот на неговиот фејсбук профил.
Изминатите две ноќи во струмичкиот клуб „Аватар“ се одржувале масовни забави.