Косовскиот претседател рече дека имал соочување од околу 30 часа со органите на прогонот и дека од овој процес ќе излезе чист како солза
Косовскиот претседател Хашим Тачи вечерва изјави дека е убеден дека ќе излезе „чист како солза“ од процесот во Хаг, каде што беше сослушуван во Специјалното обвинителство за Косово, под сомнение дека е одговорен за воени злосторства.
Обраќајќи ѝ се на косовската јавност, Тачи рече дека ја извршил својата „граѓанска и институционална должност“ кога се појавил пред Хашкиот трибунал, каде шгто бил сослушуван четири дена по ред. Но тој не зборуваше за детали од тоа испрашување, поради, како што рече, етички принципи законски ограничувања.
„Завршив околу 30 часа соочување со органите на прогонот, каде бев запознаен со сите нивни наводи и одговорив на нивните прашања. Јас целосно го почитувам процесот на расветлување на вистината и мојата улога во ослободителната борба за слобода и независност“,
рече Тачи.