Последните резултати од тестирањето пристигнале утринава и покажале дека уште осум вработени се заразени со вирусот откако претходно беа потврдени 45 случаи
Дури 53 работници во светиниколската конфекција „Мода“ се заразени со ковид-19, како што откри скринигот во компанијата.
Последните резултати од тестирањето пристигнале утринава и покажале дека уште осум вработени се заразени со вирусот откако претходно беа потврдени 45 случаи.
Директорот на „Мода Ад“ –Свети Николе, Ангел Димитров, како што пренесува МИА, изјавил дека со скринингот во кој компанијата сама инвестираше биле опфатени вкупно 620 работници, додека 200 биле изолирани или седеле дома поради владините мерки за чување деца до 10 години, хронични заболувања или бременост.
Градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски вели дека по добивањето на последните резултати во најголемата фабрика во градот очекува веќе наредната недела да се намалуваат бројките на заразени, бидејќи колку што се активни случаи толкав број на граѓани се и во изолација.
Околу 80 отсто од инфицираните во Свети Николе, како што се посочува, се асимптоматски, додека потешките случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и во Велес.
Светиниколската конфекција, пред една седмица, го затвори погонот, по препорака на здравствените власти.
Светиниколе момемтно е меѓу градовите кои се соочуваат со нагло ширење на заразата со коронавирусот.
Претходно, беа затворени неколку конфекции во Штип, поради формирање кластери на ковид-19.