Осумнаесет мигранти од Бангладеш биле пронајдени во возило на патот Неготино-Градско, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
„Вчера околу 14:30 часот на патот Неготино – Градско, во близина на локалитетот Стоби, при контрола на товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т. (33) од Скопје, во товарниот дел на возилото полициски службеници пронашле 18 мигранти од Бангладеш“,
вели Додевски.
Возачот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица за понатамошна постапка.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Неготино. Известен бил јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот тразнитен центар „Винојуг“-Гевгелија.