Товарно моторно возило, во кое се превезувале мигранти, изутринава удрило во рампа, а потоа во бетонска жардиниера на наплатната станица кај Миладиновци во близина на Скопје.
Како што соопштија од МВР за МИА, во 8:20 часот утрово во СВР Скопје било пријавено дека товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички удрило во рампата и потоа во бетонска жардиниера на наплатната станица кај селото Миладиновци.
Возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени група мигранти, информираат од МВР.