Победа на СДСМ и коалицијата „Можеме“, предмалку на прес-конференција прогласи генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој рече дека СДСМ води со најмалку два мандата пред ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека резултатите не се целосни, ама дека од она што е обработено досега СДСМ се надева на предност со еден пратеник во првата изборна единица.
Во третата изборна единица, која во повеќе изборни циклуси наназад е критична за СДСМ, овој пат, според Николовски, исходот е нерешен, односно по десет мандати за коалицијата „Можеме“ и за коалицијата на СДСМ.
За шестата ИЕ, Николовски рече дека коалицијата „Можеме“ е во предност, ама сѐ уште се очекуваат поконкретни резултати.
Според Николовски, СДСМ води убедливо во Битола – со над 1 000 гласа разлика, во Куманово – со над 3 500, во Центар разликата е над 4 100 гласа, Крива Паланка – 2 500 Ресен – 1 000 Крушево, Дебар, Долнени, Лозово
Имаме солидна предност и во Прилеп, Берово Делчево, Кочани…, наброја Николовски.