Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на прес-конференција предмалку, изјави дека ДУИ е задоволна од тоа тоа како се одвивал денешниот изборен процес.

„Задоволни сме и чекаме победа на овие избори. Од утре чекаме да почнеме преговори за формирање нова влада, а на другите партии им порачуваме да се обединат“,
рече Османи.