Шест лица кои биле заразени и се излекувале од ковид-19 вчера дарувале крвна плазма, а меѓу нив е и медицинската сестра Лилјана Јакимовска од Штип.
Досега, се обезбедени 52 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со коронавирус.
Здравствените власти ги повикуваат сите излекувани пациенти да даруваат плазма и да спасат човечки живот.
Зошто помага крвната плазма?
Во крвната плазма на лицето кое се излекувала од ковид-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста, а плазмата која ги содржи овие антитела кои се борат со инфекцијата се нарекува конвалесцентна плазма.
Таа се користи за лекување на заразените бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.
Повеќе детали кој може да дарува и каква е постапката можете да прочитате ТУКА.