Студентската листа соопшти дека Бодирога се повлекува од функцијата бидејќи не е во можност да ѝ се посвети на работата во парламентот поради многубројни обврски. Тој, пак, рече дека останува цврсто посветен на сите вредности на Студентската листа и дека ќе го поддржи кандидатот Радомир Саичиќ на претстојните претседателски избори
Поранешниот српски кошаркар и пратеник од редовите на Студентската листа, Дејан Бодирога, поднесе оставка од пратеничката функција. Студентската листа соопшти дека Бодирога се повлекува од функцијата бидејќи не е во можност да се посвети на работата во Народното собрание поради многубројни обврски.

Неговата одлука треба да биде разгледана на седницата на Комисијата за административни, буџетски, мандатни и имунитетни прашања во парламентот закажана за в понеделник, 30 ноември.
Бодирога вели дека е одговорно да му го отстапи своето место на некој што би можел да даде поголем придонес во работата на парламентот од него и најавува натамошна поддршка за Студентската листа.
„Останувам цврсто посветен на сите вредности на Студентската листа. Ќе го поддржам кандидатот номиниран од Студентската листа за претседател на Србија, Радомир Саичиќ, и со задоволство ќе се одзвам на секој повик да придонесам колку што можам во кампањата, за да ја осигуриме победата на 25 октомври“,
изјави Бодирога.
Тој изрази благодарност до граѓаните што гласаа за Студентската листа и нагласи дека поддршката добиена на изборите носи обврска за одговорно дејствување и посветеност кон преземените заложби.
