Протестот ќе започне во 17 часот во паркот „Жена Борец“, а маршот ќе заврши пред зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР)
„Инсистираме на институционална одговорност, навремена заштита, доследно постапување и судска правда за сите жени кои преживеале насилство и за сите жени чии животи беа одземени“, стои во повикот на „Ниту една повеќе“, се наведува во повикот од иницијативата „Ниту една повеќе“
На Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата – 25 ноември, неформалната граѓанска иницијатива „Ниту една повеќе“ организира протестен марш во Скопје. Целта на маршот, како што стои во повикот од иницијативата, е да се побара итна институционална одговорност и навремена заштита на жртвите на родово базирано насилство.

Протестот ќе започне во 17 часот во паркот „Жена Борец“, а маршот ќе заврши пред зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во пресрет на настанот од иницијативата наведуваат дека на протестот излегуваат поради, како што велат, институционалниот молк и непостапувањето по пријавите за насилство. Тие порачуваат дека наместо протоколарни настани и декларативна поддршка, потребни се конкретни чекори и судска правда.
„Додека жените ги убиваат, пријавите за насилство остануваат во фиока, а институциите не делуваат. Не ни требаат свечености, обесмислени протоколи, светкави настани, портокалово осветелни згради и одмерени говори. Веќе ниту бараме, ниту молиме. Сега инсистираме на институционална одговорност, навремена заштита, доследно постапување и судска правда за сите жени кои преживеале насилство и за сите жени чии животи беа одземени“,
се наведува во повикот на иницијативата „Ниту една повеќе“.
Оттаму ги повикуваат граѓаните масовно да се приклучат на маршот. Како што најавуваат организаторите, на крајот од протестот пред МВР ќе биде изведена перформанс со порака дека земјата во која живееме мора да биде праведна.

Денешниот марш се надоврзува на протестот и блокадата пред Владата што истата иницијатива ги одржа на 20 ноември, под паролите „Мал престап жени убива, брат“ и „Кој ви даде право да нè убивате“. Повод за таа реакција беа последните случаи на брутално насилство врз жени, меѓу кои и случајот со 26-годишната охриѓанка која беше претепана од својот 31-годишен партнер, против кого е поднесено обвинение за три кривични дела и му е одреден 30-дневен притвор.
На собирот пред Владата говореше и Бети Ангеловска, мајка на 21-годишната Емилија од Битола, која зборуваше за долготрајното насилство низ кое поминувала нејзината ќерка и за изостанатата институционална заштита.
