Во лажните пораки се испраќа и сомнителен линк за плаќање, со напомена до граѓаните дека за високи парични казни доколку не ја подмират наводната обврска
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) предупредува дека во јавноста циркулираат лажни СМС-пораки во кои испраќачите лажно се претставуваат во име на претпријатието и ги известуваат граѓаните за наводно неплатена такса за паркирање. Во пораките се испраќа и сомнителен линк за плаќање, со напомена до граѓаните дека за високи парични казни доколку не ја подмират наводната обврска.

„Овие пораки не се испратени од ЈП ‘Паркинзи на Општина Центар’. Станува збор за обид за измама и злоупотреба на името на претпријатието. Не отворајте го линкот, не внесувајте лични податоци или податоци од платежни картички и не вршете уплати преку пораката. Граѓаните кои веќе внеле податоци од својата платежна картичка или извршиле уплата, веднаш да ја исконтактираат својата банка“,
велат од Јавното претпријатие.
За проверка на евентуални обврски за паркирање од ПОЦ ги упатуваат граѓаните да ги користат исклучиво официјалните канали за комуникација на претптијатиоето и тоа веб-страницата www.poc.mk, електронската адреса [email protected] или телефонските броеви 02/3212-488 и 02/3212-489.
