Како што се додава, засега нема информации дека некој од учениците бил застрелан, а малолетниот напаѓач (17) е ученик на споменатото училиште

Во Техничко училиште во Крагуевац, Србија, имало пукање кога ученик влегол со малокалибарска пушка и ранил двајца вработени во училиштето, пренесува порталот „Н1“.
Според првичните информации, две хигиеничарки се повредени, а напаѓачот веднаш бил уапсен од полицијата.
Случајот е пријавен околу осум часот, кога било кажано дека едно лице дошло во училиштето со пушка од мал калибар.
Според неофицијални информации што ги пренесува „Нова.рс“, една жена била застрелана, додека друга наводно била повредена од скршено стакло.
Како што се додава, засега нема информации дека некој од учениците бил застрелан, а малолетниот напаѓач (17) е ученик на споменатото училиште.
На местото на настанот се испратени полициски екипи за итни случаи, додека влезот во самата образовна институција во моментов е целосно блокиран.
Сè уште нема официјална потврда од надлежните органи, па затоа деталите за евентуалните повреди, напаѓачот и околностите под кои е употребено огненото оружје засега се непознати.
Полициската патрола, како што пишува „Време.рс“, која била во близина, веднаш интервенирала, ученикот била приведен, а сите деца во училиштето и наставниците се безбедни.
Полицијата го обезбеди и целиот круг околу училиштето.
Се очекува официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи и надлежното обвинителство.
