Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата, велат од МВР
Триесет и осумгодишен маж од скопското село Љубин утрово е пронајден без знаци на живот на обиколницата „Мајка Тереза“ во близина на селото Смилковци. Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу шест часот утрово, велат од Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници кои излегле на местото на настанот, утврдиле дека станува збор за лицето Ш.Е. (38).
„Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата“,
велат од МВР.

По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
