Неговото насилничко однесување се повторувало. Против него веќе има поднесено обвинение за телесна повреда на неговата ќерка при вршење семејно насилство, под дејство на алкохол, а предметот е во фаза на судење
Затоа, постои оправдан страв осомничениот да ги повтори делата или да изврши потешко кривично дело, односно да ја реализира заканата
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово поведе постапка против 54-годишен маж за загрозување на сигурноста и побара од судот да му определи притвор, поради сериозна опасност за животот и безбедноста на неговата ќерка и внука.

Според Обвинителството, осомничениот се заканувал дека ќе ги запали двете жени, а заканите ги проследил и со конкретни дејствија, односно истурил две шишиња бензин во семејниот дом.
Оттаму велат и дека насилничкото однесување на 54-годишникот се повторувало. Против него веќе има поднесено обвинение за телесна повреда на неговата ќерка при вршење семејно насилство, под дејство на алкохол, а предметот е во фаза на судење.
По последниот настан била изготвена итна проценка на ризик, која укажала на сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство, како и на ризик од повторување на насилството.
Обвинителството оценило дека постои оправдан страв осомничениот да ги повтори делата или да изврши потешко кривично дело, односно да ја реализира заканата.
Поради тоа, јавниот обвинител смета дека целта на притворот не може да се постигне со поблага мерка и побарал определување притвор.
