Пожар избувна денеска на вториот кат во „8 Септември“ откако се запалиле инвалидски колички оставени на балконот од болничка соба
Директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски, посочи дека по појава на мирис и чад од терасата на одделението на вториот кат, болничкиот персонал веднаш спровел евакуација на пациентите, а била повика на Противпожарната бригада
Пожарот што утрово избувна на вториот кат во Одделот за ортопедија и трауматологија во Градската општа болница „8 Септември“ бил предизвикан од догорче од цигара.

Ова во изјава за МИА го потврди и директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски, кој посочи дека по појава на мирис и чад од терасата на одделениот на вториот кат, болничкиот персонал веднаш спровел евакуација на пациентите, а била повика на Противпожарната бригада.
Пожарот бил локализиран за кратко време, а во инцидентот нема повредени.
Ѕвонко Томевски, командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, во изјава за „360 степени“ рече дека опожарени биле инвалидски колички оставени на балконот од болничка соба.
