Увозникот, кој е производител на храна, доставил изјава дека солта ќе се користи за индустриски цели. Сепак, при проверката е утврдено дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска сол, како што било наведено во изјавата и во увозната царинска декларација
Против осомничените е поведена соодветна постапка, а по решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, запленетата сол е уништена на депонијата „Дрисла“
Спречен е нелегален увоз на 2,8 тони нејодирана сол, информираат денеска од Царинска управа.
Увоз на нејодирана сол, како што додаваат оттаму, е забранет согласно македонската легислатива.

Случајот е откриен при контрола на пратка декларирана како индустриска сол.
Увозникот, кој е производител на храна, доставил изјава дека солта ќе се користи за индустриски цели. Сепак, при проверката е утврдено дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска сол, како што било наведено во изјавата и во увозната царинска декларација.
„Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната задолжително треба да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол“,
соопштија од Царинската управа.
Против осомничените е поведена соодветна постапка, а по решение на Агенцијата за храна и ветеринарство, запленетата сол е уништена на депонијата „Дрисла“.
Од Царинската управа посочуваат дека откривањето царински измами поврзани со храна е еден од главните приоритети на институцијата, со цел заштита на здравјето на граѓаните.
Во таа насока, минатата година со Агенцијата за храна и ветеринарство бил склучен и меморандум за размена на податоци, со што, како што наведуваат, е унапредена борбата против криминалот поврзан со храна.
