Според објавениот проспект, емисијата на граѓанската обврзница е со рок на доспевање од две години
Министерството за финансии (МФ) денеска го објави проспектот за четвртата емисија на граѓански обврзници, со понуден износ од 100 милиони денари (околу 1,6 милиони евра) и годишна каматна стапка од 4,6 проценти.

Како што соопштија од Министерството, заинтересираните граѓани ќе можат да ги запишуваат обврзниците во филијалите на деловните банки низ земјава најдоцна до 1 декември 2026 година, по што на 3 декември ќе се одржи и официјалната аукција.
Минималниот износ за вложување останува 10 000 денари, што претставува вредност на една граѓанска обврзница.
Според објавениот проспект, емисијата е со рок на доспевање од две години. Крајниот датум на достасување на главнината е наведен на 11 декември 2029 година, додека исплатата на каматата е предвидена за 11 декември 2028 година (за првата година) и на 11 декември 2029 година (за втората година).

Ова е четврти пат државата да се задолжува директно кај населението преку ваков финансиски инструмент:
Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра.
Според ресорното Министрство, граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.
