Во Белград, Ниш, Зрењанин, Чачак и други градови во Србија вечерва продолжија да се одржуваат протести и покрај забраната што владата ја донесе за забрана за собири на повеќе од 10 лица, како превентива за заштита од ширењето на коронавирусот.
Шести ден по ред граѓаните на Србија излегоа на улица за да го изразат своето незадоволство од состојбата во земјата, но и поради начинот на кој државата се справува со ковид-кризата.
Вечерашните протести поминаа мирно без судири со полицијата.
И вчерашните протести беа мирни, со исклучок во Белград, кога при крајот дојде до помал инцидент, а приведени се 42 осомничени лица поради учество во немирите и нападите врз новинарите.