Носителката на кандидатската листа во петката од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, Радмила Шекеринска, вечерва пред битолчани рече дека не знае како да го погледне во очи нејзиниот противник од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, бидејќи десетина дена пред да се случи нападот во Собранието на 27 април, таа ѝ читала приказна на неговата ќерка.
„Си реков, ако дојде, во него нема да ја гледам ни мојата крвава расцепена глава, ни неговите раце извалкани со крв, туку ќе ги гледам мојата и неговата ќерка кои десетина дена пред тоа ми седеа во скутот и им читав приказна“,
рече Шекеринска.
Нашите деца, додаде Шекеринска, заслужуваат повеќе од нас и заслужуваат добрина, а не насилство, заслужуваат човечност, а не одмазда.
„Затоа, не сме исти, ние остануваме луѓе, дури и кога сме крај нелуѓе. Е, за овие работи гласаме на 15 јули, за работи кои ќе ја диктираат и ќе ја напишат истроијата за нашите деца“,
порача Шекеринска.