Попладне и кон крајот на денот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 8 до 13 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен дожд во попладневните часови. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 2 до максимални 12 степени.
УХМР во следниот период најавува повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец кој на места, особено во западните делови на земјава, ќе достигне брзина над 60 километри на час.
