Протестите во главниот град Тирана, што ги предводи студентското движење, траат веќе со недели, а досега резултираа со запалени банки, судови и владини згради, како и со жестоки судири со полицијата

На промени во власта се надеваат демонстрантите во Албанија. Тие повторно денеска се собраа пред канцеларијата на премиерот Еди Рама, обвинувајќи за корупција во владата, недостатокот од работни места и лоши образовни стандарди.
Протестите во главниот град Тирана, што ги предводи студентското движење, траат веќе со недели, а досега резултираа со запалени банки, судови и владини згради, како и со жестоки судири со полицијата.
Властите воведоа и радикална парична казна во висина од 6 000 долари за сите оние што учествуваат во протести што ќе прераснат во насилство, дури и ако самите не сториле насилни дела.
