Пред историски најголемта победа сме, а од 16 јули треба да се засукаат ракавите и тој предизвик не е лесен, но колку што крајната цел е поголема, толку победата е поголема, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од селото Таринци во Општина Карбинци, од каде што караванот на коалицијата „За Обнова на Македонија“ денеска на последниот ден од кампањата одржа средби со граѓани.
„Да се обидиниме со народот, како што и секогаш во минатото македонскиот народ се обединувал заедно со своите сограѓани, кога било најтешко и се исправал пред многуброен и пред многу помоќен противник од ова раководство на СДСМ. Но, тогаш го победувал, така ќе биде и сега на 15 јули, пред голема, историски најголема победа сме ние на 15 јули“,
рече Мицкоски.
Забележа дека овие избори се поразлични, бидејќи, како што рече, народот одлучува за каква иднина ќе има и во каква држава сака потомци да има.
„Јас уште од првиот наш собир во Охрид, во овие 19 дена кампања на предвремени парламентарни избори чувтсвувам една голема енергија, којашто се обединува без разлика на етничките разлики и верските разлики околу обновата. Чувствувам дека се буди пирејот во секој еден од нас, одлучен да победи и да стави крај на понишувањата и срамот“,
вели Мицковски.
Тој пред жителите на Општина Карбинци истакна дека се поразлични од нивниот противник и во делот на програмата што ја нудат, бидејќи, како што рече, покрај тоа што во неа има 1.000 проекти за секој граѓанини, истите ќе бидат исполнети.