На денешен ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободиле Скопје од фашистичката окупација
Градот Скопје денеска одбележува 82 години од ослободувањето во Втората светска војна.

По тој повод, во агендата на Град Скопје денеска се предвидени повеќе активности. Во 11 часот делегации ќе положат цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, а потоа и на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел. Во 12:30 часот цвеќе ќе бидело положено и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.
Свеченото доделување на наградата „13 Ноември“ ќе се одржи вечерва во Македонската опера и балет.
На денешен ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободиле Скопје од фашистичката окупација.
Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои кај булеварот „Илинден“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, а граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.
Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци.
