Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната на прес-конференција пред Јавното обвинителство рече дека како партија бараат одговорност за сите кои ја отвориле вратата и ја внеле Алта банка во Македонија, а претходно не го провериле потеклото на капиталот, сопственикот на банката, ризиците од нејзиниот влез во земјава, со што практично не ги заштитиле интересите на граѓаните
Освен за случајот со Алта банка, Димитријевиќ го повика Обвинителството да ги истражи, според него, лажните изјавите кои премиерот Христијан Мицкоски ги даде вчера за време на надзорната расправа во Собранието, кога кажа дека владата на СДСМ и ДУИ во 2023 година воспоставила деловни односи со Алта банка
Опозицискиот СДСМ денеска поднесе кривични пријави против гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и против други службени и одговорни лица во Народната банка за последните случувањата со Алта банка.

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната на прес-конференција пред Јавното обвинителство рече дека како партија бараат одговорност за сите кои ја отвориле вратата и ја внеле Алта банка во Македонија, а претходно не го провериле потеклото на капиталот, сопственикот на банката, ризиците од нејзиниот влез во земјава, со што практично не ги заштитиле интересите на граѓаните.
Пријавата, вели Димитријевиќ, е обемна, темелна, аргументирана и правно издржана.
„Во однос на кривичната одговорност, Трајко Славевски и пријавените лица се товарат дека со своите дејствија на сторување, несторување и пропуштање на должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври-ноември 2026 година, сториле несовесно работење во службата по член 353 и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353. Во однос на одговорност за одобрувањето на преземањето и надзорот според Законот за банките, во пријавата се наведени членовите 13, 17, 18, 59 и 62 за неисполнување на условите за стекнување квалификувано учество, особено на лице со изречена прекршочна санкција, за проверка на инвеститорот и основите за добивање на согласноста што ја дала Народната банка, односно Славевски“,
рече генсекот на СДСМ на денешната прес-конференција.

Опозиционерите бараат и да се утврди зошто пред влезот на Алта банка не биле проверени репутацијата на нејзиниот сопственик Давор Мацура, потеклото на капиталот и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката.
СДСМ бара Обвинителството да го прибави целокупното досие за преземањето на банката, стручните елаборати, записниците, согласностите и кореспонденцијата со домашните и странските институции. Бараат и проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица кои учествувале во процесот на одлучување и надзор.
Опозициската партија побара и на гувернерот и останатите инволвирани во Народна банка да им бидат изречени мерки на претпазливост, вклучително и привремена забрана за вршење должности, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоци и можно уништување на документацијата.
„Обвинителот Ненад Савевски има шанса да ги одбие повиците на Мицкоски и да покаже дека може да работи независно, по закон, или да стане соучесник на оваа организирана криминална група и да ги штити“,
рече генералниот секретар на СДСМ.
Освен за случајот со Алта банка, Димитријевиќ го повика Обвинителството да ги истражи, според него, лажните изјавите кои премиерот Христијан Мицкоски вчера ги даде за време на надзорната расправа во Собранието, кога кажа дека владата на СДСМ и ДУИ во 2023 година воспоставила деловни односи со Алта банка.
„Јавниот обвинител да го истражи случајот како тоа премиер на една држава пред пратеници во Собрание лаже и дава неточни информации. СДСМ во тој момент (во 2023г.) го штити интересот на државата и нема апсолутно никаква поврзаност тој документ за кој Мицкоски зборуваше, а со кој проба да направи дефокус“,
изјави генсекот на СДСМ.
