На седницата се поканети сведоци, овластени претставници и експерти од областа, членовите на матичната собраниска комисија, нивните заменици и други пратеници. Меѓу лицата кои се повикани како сведоци е и премиерот Христијан Мицкоски, кој во своето воведно обраќање рече дека очекува конструктивна и плодна дебата
Во принцип сè уште не можам да сфатам кое е моето својство денеска, но бидејќи сум поканет, ќе се обидам во рамките на моите можности и информации со кои располагам, да дадам соодветен одговор на прашањата кои претпоставувам ќе ми бидат поставени. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој како сведок е повикан на надзорната расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет во врска со Алта банка.

Надзорната расправа во матичната собраниска комисија започна во 10 часот утринава, а на неа треба да се разгледаат околностите што довеле до воведување привремена администрација во Алта банка АД Битола, улогата на Народната банка во постапката, како и одговорноста на надлежните институции.
На седницата се поканети сведоци, овластени претставници и експерти од областа, членовите на Комисијата, нивните заменици и други пратеници. Меѓу лицата кои се повикани како сведоци е и премиерот Мицкоски, кој во своето воведно обраќање рече дека очекува конструктивна и плодна дебата.
„Во принцип, не можам уште да сфатам кое е моето својство денеска, но во ред, бидејќи сум поканет, а секогаш се трудам да бидам редовен и да одговорам позитивно на поканите на законодавниот дом, така е и денеска. Ќе се обидам во рамките на моите можности и информации со кои располагам да дадам соодветен одговор на прашањата кои ќе ми бидат поставени. Се радувам на убавината на демократијата, што можеме да имаме вакви јавни расправи бидејќи се надевам дека преку нив граѓаните ќе може да донесат правилна одлука и вистински суд околу тоа кој има правилни и вистински намери, а кој нема вистински намери за иднината на Македонија“,
изјави Мицкоски.
Премиерот изрази уверување дека пратениците ќе ги добијат потребните одговори на денешната расправа.
„Нема да ги трошам моите пет минути во едно излагање туку ќе оставам повеќе на вас пратениците, да се размавнете со прашања за да можам да дадам соодветни одговори“,
рече Мицкоски.
На премиерот Мицкоски како прв повикан сведок на расправата, на почетокот на седницата прашања му поставија пратеникот Венко Филипче од СДСМ, пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Борислав Крмов од Левица, пратеникот Аднан Азизи од ВЛЕН и пратеничката Весна Бендевска од ЗНАМ.
Претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, на почетокот на седницата изрази очекување дека расправата ќе привлече внимание кај јавноста и засегнатите страни, како и дека ќе одговори на одредени прашања кои се од нивен интерес.
