Американскиот државен секретар Марко Рубио ги оцени вчерашните разговори како многу продуктивни
Украина и Русија вчера во Абу Даби го завршија првиот од двата дена преговори посредувани од САД, кои имаат за цел постигнување решение за речиси петгодишната војна на Моксва против Киев.

Разговорите, кои продолжуваат и денеска, се првата директна средба меѓу руските и украинските претставници од февруари годинава и се дел од новите напори на Белата куќа за изнаоѓање решение за ставање крај на војната.
Американскиот државен секретар Марко Рубио ги оцени разговорите како многу продуктивни.
„Веруваме дека трилатералниот формат на крајот треба да ги вклучи и нашите европски партнери на масата за преговори, бидејќи и тие се дел од долгорочното решение за овој проблем“,
изјави Рубио.
На почетокот на вчерашните разговори, Џаред Кушнер, зет на претседателот Доналд Трамп, заедно со другиот американски претставник вклучен во процесот, изјави дека Вашингтон ги стеснил разликите кон решение кое, надежно, ќе ја заврши војната. Сепак, руските претставници не дадоа никакви индикации дека се подготвени да се откажат од кое било од своите барања.
Вчерашните разговори траеја четири и пол часа.
Повикувајќи се на извештајот добиен од украинскиот преговарачки тим, украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека трилатералниот формат бил конструктивен и содржаен. Рече дека се разговарало за ослободувањето на затворениците, безбедносните гаранции за Украина, како и за обезбедување долгорочно функционирање на овие гаранции. Станало збор и за потребата од чекори за деескалација.
