Во краткиот опис на случајот се наведува дека раководителката реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани, не ги евидентирала прописно нивните депозити и на тој начин се стекнала со противправна имотна корист
Заради обезбедување докази, на барање на јавен обвинител и со обезбедена судска наредба вчера биле извршени претреси и била одземена документација и други предмети, а до судот е доставен предлог на осомничената да ѝ биде одземен пасошот, поради ризик од бегство
Основното јавно обвинителство Кавадарци повело постапка против раководителка на штедилница во градот која е осомничена за проневера и злоупотреби на парични средства од граѓани.

Републичкото Јавно обвинителство денеска соопшти дека надлежното обвинителство презема предистражни дејствија против раководителката поради сомненија дека сторила повеќе кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување, оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и проневера во службата.
„Постои основано сомнение дека осомничената, раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци, подолг временски период преземала дејствија на измами и злоупотреби на парични средства на штедачите“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Во краткиот опис на случајот се наведува дека раководителката реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани, не ги евидентирала прописно нивните депозити и на тој начин се стекнала со противправна имотна корист.
Во насока на обезбедување докази, на барање на јавен обвинител и со обезбедена судска наредба вчера биле извршени претреси и била одземена документација и други предмети.
Според Обвинителството, откако биле откриеи незаконските дејствија на раководителката штедилницата го прекинала нејзиниот работен однос.
Поради ризик од бегство, јавниот обвинител до судот доставил предлог на осомничената да ѝ бидат одредени мерки на претпазливост – одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.
Од Јавното обвинителство додаваат дека продолжуваат да преземаат дејствија за целосно расчистување на случајот.
