МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници на сообраќајниците опфатени со посебниот режим
Поради верскиот празник Задушница, денеска има посебен режим на сообраќај на улиците кои водат кон гробиштата во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Кон градските гробишта Бутел сообраќајот се одвива еднонасочно. Возилата се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по „Александар Урдаревски“ и во истиот правец по „Боца Иванова“, а потоа десно до влезот на гробиштата.
За излез од гробиштата, возилата се движат десно по „Боца Иванова“ до кружниот тек со „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по улицата „Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај е воведен и кај гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници на сообраќајниците опфатени со посебниот режим.
