„Крајно време е сите политички актери да престанат да ги злоупотребуваат извештаите на Европската комисија за дневнополитички пресметки. Полноправното членство во ЕУ е едно од најважните државни прашања кое ги надминуваат мандатите на една или друга политичка влада. Никој нема ексклузивно право на евроатлантските интеграции, како што и никој не може да си припишува монопол за македонскиот патриотизам“, велат од платформата
Организаторите на иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“, коментирајќи го Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ за 2026 година, оценуваат дека политичките партии треба да престанат да го користат документот за дневнополитички пресметки и да се фокусираат на спроведување на неопходните реформи.

Според нив, полноправното членство во ЕУ е државно прашање што ги надминува мандатите на поединечни влади и ниту една политичка партија нема ексклузивно право на евроинтегративниот процес ниту монопол врз патриотизмот.
„Крајно време е сите политички актери да престанат да ги злоупотребуваат извештаите на Европската комисија за дневнополитички пресметки. Полноправното членство во ЕУ е едно од најважните државни прашања кое ги надминуваат мандатите на една или друга политичка влада. Никој нема ексклузивно право на евроатлантските интеграции, како што и никој не може да си припишува монопол за македонскиот патриотизам“,
велат од платформата.
Во реакцијата се наведува дека албанските политички партии треба да ги надминат меѓусебните обвинувања за етнички прашања и да престанат да создаваат идентитетски спорови што, како што велат од платформата, потоа ги користат за политички пресметки зад кои се кријат бизнис и тендерски интереси.
„Албанските политички кампуси имаат обврска да излезат од спиралата на меѓусебно обвинување за строго етнички прашања, да создаваат идентитетски проблеми, за потоа да ги злоупотребуваат за нивна меѓусебна политичка пресметка зад која всушност се кријат бизнис, тендерски интереси“,
се додава во реакцијата.
Критики за корупцијата ги засега и партиите од актуелната власт и од опозицијата
Организаторите посочуваат и на забелешките на Европската комисија за високата политичка корупција и измените на Кривичниот законик од 2023 година.
Според нив, критиките за корупцијата не можат да ги упатуваат оние што ги донеле спорните законски измени бидејќи одговорноста, како што наведуваат, ги засега и партиите од актуелната власт и оние од опозицијата.
„Опстанокот и постоењето висока политичка корупција не може да биде критикувана од творците на скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023 година, за што Европската комисија и во 2026 година нотира сериозни забелешки, а тоа ги засега партиите и од сегашната власт и од опозицијата“,
велат оттаму.
Во реакцијата се критикува и односот кон медиумите и јавниот дискурс, со оцена дека слободата на медиумите не може да ја бранат политички актери кои користат навреди и клевети кон оние што имаат поинакво мислење.
Како загрижувачки го издвојуваат и податокот за намалениот поврат на ДДВ кон стопанството. Тоа, како што велат, значи дека од секои 100 денари собран ДДВ, државата во законскиот рок враќа само 14,3 денари, со што и согласно ЕУ-стандардите е извршна власт со најлош економски учинок.
Мнозинството, и покрај предизвиците, останува за членство во ЕУ
Од друга страна, организаторите го поздравуваат фактот што мнозинството граѓани и натаму го поддржуваат полноправното членство во ЕУ, и покрај предизвиците и разочарувањата на европскиот пат.
Тие ги посочуваат како позитивни резултати вклучувањето на Македонија во Планот за раст за Западен Балкан, напорите за спроведување на Реформската агенда и целосното усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
„Поздравуваме што, и покрај сите предизвици, отстапки и разочарувања на европскиот пат, високото мнозинство во земјата сè уште го поддржува полноправното членство на Македонија кон ЕУ. Позитивните резултати на Македонија за активното вклучување во Планот за раст за Западен Балкан, засилените напори за спроведување на Реформската агенда и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ уште еднаш ни потврдува дека за клучните внатрешни реформи недостасува политичка волја. Борбата против корупцијата, реформите на политичкиот систем, изборното законодавство за да се спроведат внатре во општеството не треба да го чекаме полноправното членство во ЕУ. Ако нѐ бива за Планот за раст, каде што очекуваме пристап до европските фондови, тогаш, ако навистина постои политичка волја, можеме да ги направиме неопходните внатрешни реформи на сите нивоа“,
се вели во нивната оцена за Извештајот на ЕК.
Сепак, оценуваат дека за спроведување на клучните внатрешни реформи недостига политичка волја и дека борбата против корупцијата, реформите на политичкиот систем и изборното законодавство не треба да се одложуваат до полноправното членство во Унијата.
Шест приоритети за забрзување на евроинтеграциите и внатрешните реформи
Во заклучоците од реакцијата, организаторите повикуваат на надминување на теснопартиските интереси и изработка на национално усогласен државен план за напредок кон ЕУ, со цел Македонија повторно да се приклучи кон групата земји со Албанија и Црна Гора.
„Фактот што ЕК најавува можност за постепена интеграција во ЕУ нам ни треба итен и национално усогласен државен план за (ре)приклучување во групата со Албанија и Црна Гора. Време е за акција за конечно градење на македонско политичка и мултиетничка унификација на позициите за неопходните уставни измени и основни правни гаранции без кои не можеме да направиме чекор напред кон полноправното членство во ЕУ“,
посочуваат организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“.
Дополнително, бараат измени на Изборниот законик со воведување една изборна единица и отворени листи, како и законски измени со кои ќе се спречи застарување на кривичното гонење за дела поврзани со политичка корупција.
Потребно е, како што велат, да се направи и проверка на потеклото на движниот и недвижниот имот на сегашните и поранешните избрани и именувани функционери и нивните потесни семејства.
