„Исклучително сме внимателни, бидејќи во никој случај не смееме да дозволиме повторно да го преживуваме 17 октомври“, изјави портпаролката на француската влада, Мод Брежеон по вчерашниот состанок на владиниот кабинет
Стотици илјади демонстранти се очекува денеска да излезат на протести во повеќе француски градови, а најавен е и штрајк на вработените во јавниот секторот, пишуваат светските медиуми.

На протести повикаа синдикатите, меѓу кои и лево ориентираниот ЦГТ (CGT) – Генерална конфедерација на трудот, со поддршка на студентските групи. Новата мобилизација следи по неодамнешните протести на студентите поради виоските трошици за живот, состојбата со јавните услуги и образованиот систем, а кои ескалираа во едни од најголемите граѓански немири во Франција во последните години.
Протестите што се најавени за денеска, според медиумските анализи, ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори.
Се очекува на денешниот штрајк да се приклучат и синдикатите од енегетскиот сектор, соопшти државната енергетска компанија ЕДФ (EDF). Претходниот штрајк на вработените во овој сектор, кон средината на септември беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во земјата и го ограничи капацитетот за испорака на течен природен гас на најголемиот термин во Франција, Денкерк.
Стравувања од повторување на немирите од 17 октомври
Во меѓувреме, властите се обидуваат да ги смират тензиите откако немирите од 17 октомври предзивикаа загриженот, откако во нив голем број продавници и јавни згради низ целата земја беа оштетени или ограбени, поради што претседателот Макрон се најде под остри критики за начинот на справувањер со ситуацијата.
„Исклучително сме внимателни, бидејќи во никој случај не смееме да дозволиме повторно да го преживуваме 17 октомври“,
изјави портпаролката на француската влада, Мод Брежеон по вчерашниот состанок на владиниот кабинет.
Според најавите, француските власти ќе распоредат околу 70 000 полицајци низ целата земја, објави телевизијата БФМ (BFM), која повикувајќи се на информации од службите во земјата, објави дека се очекува на улиците надвор од Париз да излезат помеѓу 500 000 и 700 000 демонстранти.
Министерството за образование на Франција соопшти дека се очекува 17,5 проценти од наставниците во јавните основни училишта да штрајкуваат, додека синдикатите предупредија за можни прекини во железничкиот и јавниот превоз.
На протестите се очекува да излезат и учениците
Се очекува и учениците да се приклучат на протестите, предупредувајќи дека лошите услови во училиштата и растечката неизвесност за нивната иднина остануваат меѓу главните причини за незадоволство.
„Се обидуваме да охрабриме што е можно повеќе луѓе да учествуваат во протестите. Некои луѓе не учествуваат затоа што се плашат. Многумина се плашат од полициско насилство“,.
вели 19-годишна студентка од Париз.
Француската влада ја баранеше реакцијата на полицијата за време на претходните протести, но рече дека сите случаи на можна злоупотреба на сила ќе бидат истражени.

Макрон се обидува да ја смири ситуацијата пред претседателските избори
Претседателот на Франција Емануел Макрон, во пресрет на протестите, вчера свика состанок за одбрана и безбедност, што дополнително ја истакнува сериозноста на кризата што започна со незадоволството на учениците поради влошувањето на условите во училиштата и загриженоста за иднината на младите, а прерасна во силен политички притисок врз владата.
„Целта во наредните недели е да се смири ситуацијата, да се воспостави ред и да се овозможи кампањата за претседателските избори да започне на што е можно помирен начин“,
изјави функционер близок до Макрон.
Тој истакна дека помалку средни училишта биле блокирани оваа недела отколку во претходниот период од кризата.
Протестите низ целата земја минатата сабота беа во голема мера мирни, со неколку судири на маргините на собирот. Сепак, политичката атмосфера останува напната. Кандидатите се позиционираат пред претседателските избори, додека опозициските партии се обидуваат да профитираат од незадоволството на граѓаните од животниот стандард и владините политики.
