До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. На почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошлки работи (УХМР).

Минималните температури ќе се движат од 3 до 9, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 14 степени.
До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди.
За време на викендот, утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла.
На почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.
