Демократската партија досега има освоено 53 места во Сенатот, наспроти републиканците со освоени 42 места. За контрола на горниот дом на Конгресот потребни се најмалку 51 од вкупно 100 места. Демократите се на пат да ја преземат контролата и врз Претставничкиот дом, со досега освоени 220 наспроти 127 места освоени од републиканците
Демократите победија на меѓуизборите во Соединетите Американски Држави и ќе го преземат мнозинството и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес од јануари, со што ќе ја добијат контролата врз двата дома на парламентот, покажуваат прелиминарните изборни резултати.

Со историски победи во Тексас, Ајова, Канзас и Јужна Каролина, Демократската партија досега има освоено 53 места во Сенатот, наспроти републиканците со освоени 42 места. За контрола на горниот дом на Конгресот потребни се најмалку 51 од вкупно 100 места. Демократите се на пат да ја преземат контролата и врз Претставничкиот дом, со досега освоени 220 наспроти 127 места освоени од републиканците.
Од нив сега се очекува да ја искористат својата контрола врз Конгресот за да влијаат врз носењето на законите, буџетските одлуки и да го зголемат надзорот врз извршната власт. Tие навестија дека би можеле да дозволат истраги за работата на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација.
Сепак, Трамп и претходно најави дека доколку демократите ја однесат изборната победа на 3 ноември, тој ќе го задржи правото на вето на законите донесени од Конгресот. По објавувањето на прелиминарните резултати, тој во објава на Трут соушл објави фотографија од црвен качкет на кој е испишан зборот „Вето“.
Во телефонска изјава за „Фокс њуз“, претседателот на САД рече дека демократите завршиле добра работа, не криејќи дека е малку изненаден од изборните резултати.
„Имавме огромни митинзи. Малку сум изненаден“,
изјави тој.
Трамп додаде дека има многу работи за кои би можел да соработува со демократите во Конгресот. Ја отфрли можноста за какви било промени во неговиот кабинет како резултат на меѓуизборите.
Повикувајќи се на анкетите за излезеноста на гласачите, кои говорат за нивното незадоволство од работата на Трамп, американските медиуми пишуваат дека демократите ја искористиле историската непопуларност на Трамп за да извојуваат голема и историска победа за да ги контролираат последните две години од неговиот мандат.
