Нарекувајќи го нападот крајно ужасен, украинскиот претседател соопшти руските сили за време на вчерашниот напад првично фрлале бомби врз училиште во селото Комишуваха во Запорожје, кое се користи за хуманитарни потреби. По првиот рече дека имало и втор напад, овојпат врз објектот кој се користи како засолниште.
Најмалку 26 лица загинаа во руски напад на центар за дистрибуција на хуманитарна помош во Запорожје, објавија украинскиот претседател Володимир Зеленски и службите за итни случаи.

Нарекувајќи го нападот крајно ужасен, Зеленски соопшти руските сили за време на вчерашниот напад првично фрлале бомби врз училиште во селото Комишуваха во Запорожје, кое се користи за хуманитарни потреби. По првиот рече дека имало и втор напад, овојпат врз објектот кој се користи како засолниште.
„Русите нападнаа со неколку воздушни бомби токму кога луѓето пристигнуваа. Потоа имаше втор напад – повеќе воздушни бомби, овојпат врз засолништето. Подмолен терористички напад“,
рече Зеленски.
Украинскиот претседател првично соопшти дека во нападите има 18 жртви, но украинската државна служба за вонредни состојби подоцна соопшти дека е потврдено оти загинале 24 лица, меѓу кои двајца спасувачи и четворица полицајци. Во своето видеообраќање вчеравечер, Зеленски рече дека бројот на загинати е 26 лица.
Тој оцени дека Русите не можеле да не бидат свесни дека жителите кои останале во селото Комишуваха, кое е многу блиску до линијата на фронтот, добивале хуманитарна помош таму секој понеделник.
„Ова е уште еден доказ дека Русија не сака никаква деескалација“,
вели тој.
Неколку часа по нападот, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф објави дека новата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредништво на САД ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби.
