Од среда до почетокот на претстојниот викенд се очекува извесно стабилизирање на временската состојба. Ќе биде суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува
Како и во текот на викендот, и денеска времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни со наврнати и над 15 литри на квадратен метар воден талог, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од два до 11 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од осум до 17 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд и слаб ветер од северен правец. Утринската температура во главниот град ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи дождливото време ќе се задржи и утре, кога се очекуваат и пообилни врнежи. Од среда до почетокот на претстојниот викенд се очекува извесно стабилизирање на временската состојба. Ќе биде суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

